За нас

Нашата приказна

Квалитетот е клучот за нашиот успех !

Пехар Скопје е компанија која работи во областа на надворешното и внатрешното рекламирање со цел да понуди квалитетни решенија на регионалниот пазар. Благодарение на стручниот персонал, квалитетот во работата и современата технологија имаме создадено широка палета на услуги и производи. (Услуги:Гравирање на разни материјали, ласерско гравирање, припрема на логоа, лиење на метална галантерија. Производи : Пехари, медали, плакети, привезоци, плочки, сувенири, беџови, натписи за на врата итн.)

Пехар Скопје е основана во 2007-та година, со една линија на производство, а тоа беа привезоци и значки.

Низ текот на годините иновацијата ни беше главна вредност на компанијата, па решивме постојано да иновираме и произведуваме нешто ново според потребите на пазарот, па така  ја проширивме палетата на производи со пехари и медали и многу други уникатни продукти.